Добродојдовте на

нашата веб страна

Крушево е место кое по својата положба како највисок град на Балканот (1250м.н.в),специфична физиономија(т.н орловско гнездо) и богато културно-историско значење, претставува интересна и атрактивна дестинација.

 

Овој спокоен град е како создаден за рекреативците и спортистите. Со својата умерено-континентална клима со планински карактеристики, свежиот чист воздух, како и прекрасните предели од букова и борова шума, им овозможуваат на љубителите на природни убавини, а посебно на планинарите, скијачите, параглајдеристите максимално да ги искористат убавините на недопрената природа во текот на целата година.

Поради сите овие специфични обележја како и единствената архитектура, богатата традиција и обичаи и познатата гостопримливост, очекуваме да го посетите Крушево и да уживате во неговите убавини.